Заврши гласањето за затворениците, болните, изнемоштените и раселени лица

Од:

Пред вториот круг од локалните избори во Македонија, денеска гласаа затворениците, болните, изнемоштените и раселените. Право на глас имаа околу 1.000 затвореници и 73 раселени лица.
Изборниот процес почна во седум часот и се одвиваше без проблеми. Во најголемиот затвор Идризово за 29–те општини и Град Скопје право на глас имаа 604 осуденици. Право на глас за Град Скопје имаа 264 затвореници, а за останатите 29 општини 340 гласачи.

– Се е во ред. Досега нема никакви проблеми. Исто како што помина првиот круг, така ќе помине и вториот, без проблеми, изјави директорот на КПД Идризово, Живко Пејковски.

Гласачките ливчиња од денешното гласање утре ќе се пребројуваат, откако ќе заврши изборниот процес.

Освен во Идризово се гласаше и во другите казнено-поправни домови, а право на глас имаа вкупно 988 затвореници. Гласаа и раселените кои се сместени во колективни центри или 73 со право на глас, како и луѓето кои поради здравствени причини гласаат во своите домови.

Зголемен беше бројот на болни и изнемоштени лица во Источна Македонија, односно во Кочани, Делчево, Берово и Чешиново и Облешево. Зголемен е бројот на болни и немоќни гласачи и во Битола. Се пријавиле 206 лица, што е за 44 повеќе во однос на првиот круг. Во Могила се пријавило 91 лице, во споредба со 55 гласачи од првиот круг, а во Ресен вкупниот број на болни и изнемоштени изнесува 300 лица.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ