Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во скопската општина Карпош

Од:

Кандидатите за градоначалници на Скопје и на Карпош на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски и Јагнула Куновска вечерва на завршниот митинг во општина Карпош, повика на масовна излезност на граѓаните в недела на локалните избори и уште еднаш претставија дел од своите програми.

Куновска рече дека реализацијата на програмата ќе ја прави заедно со своите сожители бидејќи само на тој начин ќе може вистински да ги реши проблемите на граѓаните од општината.

-Меѓу позначајните проекти во програмата би можела да ги набројам отворањето на економска и индустриска зона, изградбата на православен објект, на станови за млади брачни  парови, на ново зелено пазарче, стипендирање на учениците со 6.000 денари, како и проектот „Пола рата за градинка“ според кој, општината ќе им помогне на родителите во партиципирањето со плаќање на половина од месечниот издаток, додаде Куновска.

На завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош обраќања имаа и членовите на Извршниот комитет на партијата и министри Гордана Јанкуловска и Зоран Ставрески,  носителите на советничките листи на Карпош и на Град Скопје, Сашо Лазаровски и Владо Поповски.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ