Затворска казна за 10 тегли ајвар, а условни за тепање пратеници

Од:

Бурни реакции во јавноста предизвика одлука на судијката Милка Васевска Ангеловска, насилниците кои на 27. април брутално тепаа пратеници и новинарски екипи да добијат условни казни од 6 месеци до година ипол.

Кривичниот суд досега има донесено казни затвор за кражба на 150 ќебапи, а беа подготвени затворска казна да пресудат за дедото Милорад Георгиевски затоа што продавал 15 коприви и 20 марули, по што немал пари да ја плати казната од 150 евра.

Затворска казна од 18 месеци доби и велешанец за крадење на 10 тегли ајвар, а во 2007 година казна затвор добиле четворицата жители на тетовското село Церово бидејќи воениот објект украле 70 метри подземен кабел и 30 метри електрична жица, причинувајќи материјална штета од околу 20.000 денари.

Пред повеќе од една година, за време на Шарената револуција домашен притвор, а потоа условни казни од шест месеци и една година доколку извршат кривично дело во рок од една и две години добија демонстрантите кои ја кршеа канцеларијата на Ѓорге Иванов, а во неа немаше никој кој би можел да настрада.

Во судот се очекуваат одлуки и за уште неколку насилници кои брутално тепаа на 27. април, од кои најголемиот дел се товарат за учество во толпа, а само неколкумина кои го тепаа пратеникот Зијадин Села се товарат за обид за убиство.

Пратениците пред Основното јавно обвинителство во изјави за медиумите истакнаа дека не се работи за учество во толпа туку за класичен обид за убиство бидејќи беше повеќе од очигледно дека толпата беше упатена кон пратениците со цел нечиј живот да згасне.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови