А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Затворените хируршки сали поради непријатен мирис стигнаа до Обвинителството

by А1он25/05/2024 - 17:0225/05/2024 - 17:041270
Share0

Хириршките сали на Клинички центар се затворени повеќе од една седмица поради непријатната миризба која се ширела. Министерството за здравство за ова испратило претставка до Јавното Обвинителство, па сега обвинител ќе истражува дали има кривично дело во случајот. Неофицијално бил испрашан претставник на Министерството за здравство, а изјви треба да дадат и директорите на хируршките клиники.

Добивај вести на вибер

Во функција се три сали кои се оспособени да примаат итни случаи, сите други се препраќаат во други болници или мора да чекаат.

Од Министерствот за здравство нема никакви детали за целата ситуација, но министерот Демири најави прес конференција за в понеделник.

За проблемите во зградата на хируршките клинки се огласија и од ВМРО ДПМНЕ . Ги обвинија СДСМ и ДУИ дека го уништуваат здравството до последен ден.

-Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали! Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Од 21 часот на цел Клинички центар ќе нема ни вода поради зафат на водоводната мрежа кој според најавите ќе трае до 5 изутрина. Ќе бидат поставени цистерни пред Клинички центар и пред болницата Козле.

javno obvinitelstvoklinicki centar

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:23

Краделе кабли од „Железара“, направиле штета од стотици илјади денари

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 08:51

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:33

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 14:47

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 09:2909/03/2026 - 09:32

Политичарите да се воздржат од коментари, бараат обвинителите по реакциите за Артан Груби

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 12:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто