Од МВР информираат дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 33 годишен маж од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
„Тој во февруари годинава, додека бил на отслужување затвор во КПУ „Идризово”, телефонски се јавил во угостителски објект во Делчево и побарал да организира претстава затоа што му се родил син.
По кратко време, повторно се јавил на сопственикот на угостителскиот објект и го известил дека бил во болница и го замолил да даде пари за огномет и торта, а подоцна тој ќе плател. По кратко време кај сопственикот дошол таксист, кој ги земал парите за торта и огномет. Подоцна, кога почнале со подготовка на менито, сопственикот го барал пријавениот, но не го добил и заклучил дека бил измамен“, информираат од МВР.