Затвореник од Идризово повреден по расправија со друг затвореник

Од:

Затвореник во Казнено-поправната установа Идризово вчера бил избоден со остар предмет по расправија со друг затвореник.

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен информира дека инцидентот е пријавен во СВР Скопје вчера во 20:05 часот.

Според пријавата, 42-годишен затвореник од село Студеничани бил повреден околу 18:30 часот во една од ќелиите откако претходно имал расправија со 35-годишен затвореник.

Повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари