Затворениците од „Идризово“ бесни на директорот, не им дозволува викенд на слобода поради коронавирусот

Од:

Затворениците од затворот Идризово не можат да користат викед отсуства поради коронавирусот. Тие негодуваат на ваквата мерка која се спроведува бидејќи многу од нив со нетрпение ги чекаат отсуствата за да бидат со фамилиите, пишува во писмото испратено до „А1он“. Според нив, станува збор за кршење на човековите права бидејќи Владата не дала ваква препорака, туку директорот самоволно ја спроведува. Боби Мојсовски, директорот на „Идризово“ за „А1он“ вели дека препораката е од Управата за извршување на санкции и мора да се почитува.

„Станува збор за самоволие и кршење на основни човекови права на затворениците, загарантирани со Уставот од страна на директорот Боби Мојсовски. Без никаква одлука на Владата, директорот прогласи карантин за затворот Идризово, не дозволувајќи искористување на викендите, отсуствата на затворениците иако многу од нив со нетрпение ги чекаат тие отсуства да бидат со фамилиите. Многу од нив завршуваат и административни обврски/можности за преписки/поднесувања лично жалби во суд за своите случаи. Најфлагрантно кршење на права на затворениците од директорот Мојсовски. Истовремено, командирите на смени, чуварите, директорот, сите си одат и доаѓаат на работа без никаков проблем, пратки стигаат во самиот затвор за затворениците, истите пратки одреден број на затвореници ги отвораат и прегледуваат, за потоа да ги проследат. Со тоа се нарушува така наречениот карантин“, се вели во писмото доставено до „А1он“.

Директорот на затворот „Идризово“, Боби Мојсовски, вели дека не е точно дека има карантин. Тој вели дека спроведува препораки, а затворениците ќе можат да користат викенди по 14 дена, откако ќе биде укината мерката. Тој повикува на трпение.

„Не е точно дека е прогласен карантин. По препорака на Влада и наредба од Управата за извршување санцкии, треба да нема посети и затворениците да не одат на викенд. Средства за хигиена и храна пуштаме. Имаме странци, имаме посети од други лица, сепак треба да се заштитиме, станува збор за специфична институција. Тоа е по препорака на Влада и Управа за извршување санкции. Не е буквален карантин. Препораките се тие. Ова е превентива до 24 март. Тие се погодности на затворениците, но не е стриктно одредено кога треба или мора да се искоистат. Имаат 15 викенди во годината или 20 за оние кои се работно ангажирани. Овие 14 дена треба сите да се стрпиме“, вели Мојсовски за „А1он“.

Преставка за овој случај, затворениците поднеле и до Јавноиот правобранител, како и невладините организации.

Би можело да ве интересира

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Во „Идризово“ бил претепан и силуван 40-годишен осуденик

Во центарот на Скопје уапсен бегалец од „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ му се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Горан Наумовски