Затворени диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар

Од:

Осум диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар, беа цел на акциските контроли на тимови од полициски службеници и инспектори на УЈП, што се реализраа на 30 септември.

УЈП, како што соопшти денеска СВР Охрид, донела решение за забрана за работа и приредување игри на среќа и забавни игри и запечатила две нелегални обложувалници во Кичево и во селото Стрелци, три диви обложувалници во струшките села Велешта и Корошишта и една во Дебар. Една нелегална спортска обложувалница во Кичево не работела, а во другата била констатирана пренамена на дејноста.

Инспекторите во шест нелегални обложувалници констатирале дека организаторите на обложувањето имале работници на пулт кои наплатувале и издавале друга документација за обложување.

– Ниту еден од организаторите на обложувањето немале лиценца и друг вид одобрение за приредување на игрите на среќа. Инспекторите од УЈП извршија увид во затекнатата состојба со обложувањето, опремата, затекнатите пари од промет по што оформија записници и друга потребна документација, информра СВР Охрид.

Од нелегалните обложувалници, поради незаконско работење и спротивно на Законот за игрите на среќа и забавните игри, од страна на УЈП одземени се пари, телевизори, компјутери, монитори, печатачи и друга опрема.

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура