Затворена синдикалната просторија на Независниот синдикат на возачи на ЈСП „Скопје“

Од:

Претседателот на Независниот синдикат на возачи на ЈСП „Скопје“ Африм Муча денеска на прес-конференција обвини дека генералниот директор и раководството на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ без никаква основана причина за иселување и без консултација насилно ја обиле бравата на синдикалната просторија каде биле сместени повеќе од осум години.

Намерно, како што рече, им се забранува целосен пристап до просторијата и документацијата за да ги попречат да комуницираат со членството. Тоа, според него, е класичен притисок во работата на синдикатот.

Муча информира дека поради тоа што се трудат да ги бранат интересите на вработените во ЈСП „Скопје“ подолго време се соочуваат со огромни притисоци.

– Поради работата на синдикатот овој период, јас како претседател се соочив со прераспределба на пониско работно место, а секретарот на синдикатот пред извесно време доби неоснован отказ од работа. Очигледно е дека им пречиме зашто кренавме глас против ограничувањето на правото за регрес за годишен одмор и многу други права кои му следуваат на секој работник, рече Муча. Додаде дека со оваа постапка е прекршен Законот за работни односи, членовите 184 и 186 и Уставот.

Тој побара сите инволвирани во овој случај да сносат одговорност и да се изврши ревизија на нивното работење и отповикување од нивната функција поради, како што рече, ваквото грубо и незаконско однесување.

Одговарајќи на новинарско прашање, Муча рече дека во моментов не се знае точниот број на вработени во ЈСП „Скопје“, но се претпоставува дека има околу 1.500. Нивниот синдикат имал над 525 членови, а сега имаат 396 члена. Додаде дека реагирале до Трудовата инспекција, до министерката Царовска, до премиерот Заев, градоначалникот Шилегов и добиле ветување дека наскоро ќе бидат повикани на разговор, но тоа не се случило.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски изјави дека неколку месеци се обидувале како раководство да направат договор со одредени лица од менаџментот на ЈСП „Скопје“ за да се надминат овие состојби. Додаде дека не функционираат социјалниот дијалог и партнерство, а тоа се отсликува на локално ниво и во институциите.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски