Затворена нелегална обложувалница во Тетово

Од:

Управата за јавни приходи врз основа на претходни пријави за нелегално приредување игри на среќа и малверзации кај познати обложувалници во Тетово, во попладневните часови почна засилени контроли на нивното работење. Контролите се водат со асистенција на МВР.

Од Управата за јавни приходи информираат дека според последните податоци од терен, поради нелиценцирано приредување игри на среќа затворена е нелегална обложувалница, од која е одземен целокупниот инвентар и опрема.

Поради финанскиски малверзации, нерегистрирање на прометот во готово и приредување недозволени игри на среќа, пет обложувалници добија времена мерка затворање и парична глоба која се движи до 6.000 евра, во зависност од прекршокот.

Активностите, како што е наведено во соопштението, на УЈП и МВР во Тетово продолжуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка