При контрола на чајџилница во Гостивар, полицијата констатирала дека објектот работи вон дозволеното време, а биле затекнати и 11 гости.
– На 05.03.2021 во 22.50 часот од полициски службеници од Полициска станица Гостивар при извршена контрола на угостителски објект- чајџилница на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на 45-годишниот М.И. од Гостивар, констатирано е дека се постапува спротивно на законски пропишаното работно време за време на епидемија, при што во објектот имало 11 гости, информира Министерството за внатрешни работи.
Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.И. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, велат од МВР.
– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се додава во соопштението.