Затворен за сообраќај патниот правец Неготино-Радовиш

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Како што информира АМСМ, патниот правец Р-1103 Неготино-Радовиш, односно Неготино – Штип преку Лакавица, мост бр.9 преку реката Вардар, поради деформација, оштетување на мостот, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Сообраќајот е пренасочен преку Криволак, патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила.

Одлуката е донесена од комисија составена од претставници на ЈП „Државни патишта“, ЈП „Македонија пат“, Градежниот факултет, Институтот за патишта и сообраќајната полиција.
На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај село Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива по една коловозна лента, регулиран со семафори за наизменично пропуштање на возилата.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ