Затворен ковид центрoт на Клиниката за Гастроентерохепатологија, во Скопје хоспитализирани 23 нови пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 1 бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 74 пациенти, известува Министерство за здравство.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 92 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.

Вкупно 262 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 340 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, соопштува Министерство за здравство.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Од утрово поради намалениот број на пациенти се затворен ковид центрoт на Клиниката за Гастроентерохепатологија, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски