Затуровски: СДС започна да воспоставува режим во Македонија

Од:

Никола Затуровски од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека Зоран Заев започнал со реализација на планот да ја направел својата партија држава, а државата своја партија.

– Тој пред своето членство вети дека СДС ќе владее „со бркање од работа на неистомислениците и со вработување партиски послушници од чистачка до директор“. Ова е единственото ветување кое Заев започнал да го остварува. Чистките на СДС започнаа од сите кои немаат членска од партијата како втора лична карта, како што бараше пратеникот на СДС Курто Дудуш, рече Затуровски.

Според него, директори на институции биле жртви на политички прогон и етикетирање со фашизоидна реторика и биле без законски основ отстранети од своите работни места и покрај тоа што успешно ги воделе институциите.

– На СДС не ја интересираат успешни и функционални институции, туку брутална партизација и приватизирање на државата. 1500 членови на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, здравствени установи, центри за социјална работа, агенции и други правни лица, без исклучок, беа сменети во една секунда, со што СДС и Заев ги парализираа сите овие правни субјекти, додаде Затуровски.

Како што кажа тој, СДСМ тврделе дека администрацијата била пренатрупана, а веднаш по доаѓањето на власт започнале да ја полнат со свои партиски војници и, како што кажа Затуровски, профитери од невладиниот сектор, кои наместо коректив на власта биле одработуваче за агендата на СДСМ.

– Сите овие дилетантски акции на СДС ќе ги платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно кои СДС ги испланира во новиот буџет за привремени партиски вработувања на војници и послушници. Граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДС. За само месец и пол, СДС започна да воспоставува режим во Македонија. Но, отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо, заврши Затуровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски