Затуроска: Граѓаните не знаат каде да пријават штети и да побараат проверки на статиката после зачестените земјотреси

Од:

Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа охриѓани десетина дена се вознемирани и стравуваат за сопствената безбедност и безбедноста на своите најблиски.

– Десетина дена се почести и за жал се посилни се земјотресите во охридско-преспанскиот регион кои централната власт предводена од СДС ги игнорира и се однесува како да не постојат. Денешниот земјотрес од 5,1 степени по рихтер предизвика паника во Охрид, а информациите од терен говорат и дека е предизвикана материјална штета на објекти, изјави Затуроска.

Според неа, централната власт ги заборавила Охрид, Струга и Ресен, а граѓаните во нив се чувствувале како да се отсечени од Македонија секогаш кога се наоѓаат во некаква кризна состојба.

– Централната власт нема издадено препораки за однесување во вакви критични моменти кои загрижените граѓани треба да ги следат. Граѓаните не знаат дали се побезбедни во своите домови или надвор од нив, каде постои друга низа опасности особено пред повисоките објекти, рече Затуроска.

Таа кажа дека граѓаните не знаеле каде да пријавуваат штети и да побараат проверки на статиката на своите домови после овие се позачестени и посилни земјотреси. Според неа, централната власт не смее да спие туку мора да ја зголеми готовноста и оперативноста.

– И граѓаните на Охрид, Струга и Ресен како и во сите други градови заслужуваат искрено внимание и помош од власта која има одговорност за нив, а не нивна злоупотреба само кога од тоа се собираат политички поени во време на политички кампањи, заврши Лилјана Затуроска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми