Затруените гостиварки се во добра здравствена состојба

Од:

Двете гостиварки кои синоќа биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје со симптоми на малаксаност, вртоглавица и поспаност, откако претходно јаделе печурки кои сами ги собрале и веројатно биле отровни, се во добра здравствена состојба.

В.д. директорот на Клиниката, Нестор Поповски изјави дека на двете гостиварки веднаш им се направени потребните лабораториски испитувања и сите параметри се добри. Посочи дека ако резултатите од дополнителните испитувања се добри тие утре ќе бидат пуштени дома.

– Граѓаните кои не ги познаваат печурките не треба да ги собираат. Би апелирал да се избегнува да се собираат печурки во природа. При труење со отровни печурки страдаат повеќе органи, додаде Поповски.

Би можело да ве интересира

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

Тригодишно дете ќе се загушело од гумена бонбона, без свест донесено во болница во Гостивар

Катерина Ѓуровски