„Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе“: Уметниците и фановите се простуваат од кралот на ромската музика

Од:

Фановите, музичарите, актерите и пријателите на социјалните мрежи се простуваат од кралот на ромската музика, Ферус Мустафов кој почина ноќеска на 72-годишна возраст.

„Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе… Лесна ти земја, мајсторе…“, напиша актерот и шоумен Игор Џамбазов.

Зоран Крагуевски, професор по саксофон и кларинет во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, напиша:

„Ферус, ти ни беше патоказ како треба ромската музика да биде обликувана. Остави огромен материјал зад себе. Ми беше секогаш чест и мило кога бевме заедно.
Моите почетоци беа со тебе, се радував на твоето маестрално свирење. Сочуство до семејството! Бог да го прости и нека му биде светол господовиот пат“.

Ферус Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип. Зад себе има импресивна музичка кариера и бројни настапи во Македонија и ширум светот.

Би можело да ве интересира

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Почина Џеси Џексон, американскиот активист за граѓански права

Почина актерката Ленче Делова

Катерина Ѓуровски

Почина Натан Смит, синот на Лил Џон

Момче почина во кавадаречко Возарци