Затишје на Водно, се чека исходот од средбата со Шилегов за гасоводот

Од:

Сите активности на Водно викендов се запрени откако беше донесена одлука привремено да се стопираат работите на гасоводот се додека не се изнајде соодветно решение. Денеска на трасата на која до скоро се копаше можеа да се забележат само багерите, кои чекаат на одлуката дали ќе се продолжи со ископот, како и кравите мои мирно пасеа во близина на бункерите.

Активистите се во исчекување на исходот од средбата која што е закажана за во понеделник во Град Скопје.

Невладините организации кои што со жив штит неделава застанаа пред багерите и го штитеа Водно, во понеделник треба да учествуваат на дебата со надлежните, на која треба да ги изнесат своите аргументи против сечата на шума по сртот каде се копа за да се постават цевките за гасоводот кон Тетово и Гостивар.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов вчера ги повика претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот на Водно, како и претставниците на граѓанските здруженија, кои покажаа загриженост, на дебата што ќе се одржи в понеделник. Изградбата на гасоводот ќе биде запрена сè до завршување на процесот на дијалог и дебата, тврдеа од Градот.

„По повод повикот за јавна дебата на градоначалникот Петре Шилегов за понеделник во просториите на Советот, сакаме да потенцираме дека ние очекувавме одговор на нашиот повик за јавна дебата, а не целосно негово игнорирање и нудење контра повик. Нашиот повик за јавна дебата со Шилегов, Реџепи и Макрадули е објавен минатата недела, пред почетокот на живиот ѕид горе од среда, пред наредбата, гази сè пред себе”, пред нашите посочувања изработувачот да почне да поставува табли, налепници на возилата, мобилни тоалети, да носат работни елеци, итн. Никој не сè одзва на нашиот повик за јавна дебата! Во врска со запирање на градбата на гасоводот, сè додека МЕР не објави и потврди мораториум на градење на Водно, ние ќе бидеме горе“, порачаа од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот