ВИДЕО: Застрелан тетовец на патот кон Пирок

Од:

Синоќа околу 21 часот и 40 минути покрај автомобил „Голф 3“ со тетовски регистерски таблички, на локалниот пат кон селото Пирок, полициска патрола го пронашла безживотното тело на 32-годишниот тетовец Мухамед Асани, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Полицајците биле во редовна патрола кога го забележале безживотно тело, целото облиено со крв,  покрај автомобилот „Голф 3“ што бил во погон и оставен во место.

Телото било во легната положба на грб и врз неговиот горен дел и на главата имало повеќе прострелни влезно-излезни рани. Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите само можеле да ја констатираат смртта кај починатиот.

Телото за кое подоцна е утврдено дека е Мухамед А. по наредба на истражен судија, кој заедно со екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршил увид на местото, преддадено  е за обдукција а при увидот биле пронајдени две празни чаури за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри кои биле подигнати заедно со траги од крв и други траги за вештачење.

Се работи на откривање на сторителите и расветлување на овој случај, рече Јосифовски.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата