А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Засилени контроли во Крива Паланка за паркирање на тротоарите и кастрење на зеленилото

by А1он27/04/2018 - 14:17116
Share0

Засилени се контролите од страна на комунално-редарските служби во Крива Паланка за паркирање на тротоарите во централното градско подрачје и узурпирање на пешачките површини откако до службите при општината пристигнале голем број поплаки од граѓаните.

Добивај вести на вибер

Од локалната самоуправа на општина Крива Паланка информираат дека комунални редари деновиве извршиле контрола и увид на состојбата и констатирано е дека граѓаните со право реагираат, бидејќи на тротоарскиот дел од магистралната улица, што служи за движење на пешаците, на неколку места се паркирани моторни возила. Тие се очигледна пречкa за движењето на пешаците, како и сериозна опасност за безбедност на сообраќајот, бидејки ја покриваат прегледноста на сообраќајот.

Утврдено е дека и особено е непрегледен делот кај т.н Шанин мост, каде се паркираат товарни возила на тротоарските површини.

Од страна на комунално редарската служба извршени се опомени на авто-пералните на возила што се наоѓаат покрај магистралната улица дека не смеат да ги паркираат возилата на тротоарските површини, а ќе бидат известени и сопствениците на товарни возила оставени под и пред мостот. Според Законот за безбедност на сообраќајот, возачите не смеат да ги оставаат возилата на места каде не е дозволено и каде истите претставуваат пречка и опасност. Заради тоа на секој сопственик на затекнато паркирано или оставено моторно возило на тротоарска површина ќе му биде изречена содветна казна согласно Законот, нагласуваат од општината.

Паралелно со оваа активност, инспекциско редарската служба во Крива Паланка спроведува редовна контрола на јавните и сообраќајни површини и ги опоменува сопствениците на парцели каде не се одржува зеленилото, со опомена редовно да се кастрат дрвјата, грмушките и живата ограда, што излегуваат со својот обем надвор од дворните места т.е. парцели, и му пречат на безбедното одвивање на сообраќајот или на движењето на минувачите.

Во текот на овој месец известени и опоменати се 53 сопственици на парцели, од кои 50 сопственици постапиле и лично извршиле кастрење додека, а кај три сопственика по налог на комуналната инспекција кастрењето го има спроведено надлежниот орган за кастрење на дрвјата определен од страна на Општината за 2018 година – ЈП Комуналец – Сектор за зеленило, каде кастрењето се спроведува по службена должност, со налог на општинскиот комунален инспектор или по писмено барање на правно или физичко лице, на трошок на сопственикот на парцелата.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски31/05/2025 - 17:3231/05/2025 - 17:40

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

Горан Наумовски31/05/2025 - 07:54

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он11/05/2025 - 13:3111/05/2025 - 13:32

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Горан Наумовски21/04/2025 - 13:18

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски07/04/2025 - 14:3707/04/2025 - 14:53

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

Горан Наумовски05/04/2025 - 12:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен