Засилени контроли на трговци и продавачи на пиротехички средства во Охрид и околината

Од:

Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средства и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства.

Со приближувањето на Новогодишните и Божикните празници, станува актуелна употребата на пиротехнички средства, најчесто петарди, па поради тоа, полициски службеници вршат, контроли на тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид и на целото останато подрачје.

Од полицијата најавуваат дека наредната недела уште повеќе ќе ги интезивираат теренските активности, но и ќе вршат контроли во сообраќајот, односно ќе ги контролираат патничките и другите моторни возила.

Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, пиротехничките производи што се употребуваат за огномети, како и предметите што содржат прскави состојки кои со дејство на експлозив или други состојки служат за постигнување ефекти на оган, чад, светлина и пукање, се класифицирани како експлозивни материи. Пиротехничките средства, во Законот за заштита од пиротехнички средства, се кфалификуваат како експлозивни материи, со кои промет единствено можат да вршат правните субјекти регистрирани за таква дејност. Во согласност со истиот закон, промет со експлозивни материи можат да вршат трговски друштва кои се регистрирани за таква дејност во централниот регистар на РМ и имаат одобрение за дејноста од МВР на Република Македонија.

Против сите граѓани кај кои ќе бидат пронајдени петарди и други пиротехнички средства ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Немири во Германија: Изгоре дом, нападната станица, 300 уапсени, повредени полицајци

А1он

Запленети 1 640 пиротехнички средства во Куманово, приведено едно лице

Предраг Петровиќ

Приведен прилепчанец, носел 7480 пиротехнички средства во автомобил

А1он

Во Тетово одземени над 3000 петарди и друга пиротехника

Орце Костов

Жител на Мала Речица фатен во 7.000 парчиња пиротехника

Кривична пријава за охриѓанец кој запали две возила