Засилени инспекциски контроли поради палењето на стрништа и шумски пожари

Од:

Државниот инспекторат за земјоделство заедно со Државниот инспекторат за шумарство и ловство како органи во состав на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, ги интензивираа контролите на терен поради палењето на земјоделско земјиште стрништа и шумските пожари.

– Во повеќе наврати двата инспектората имаат извршено контроли на теренот при што се откриени сторители кои палат бесправно стрништа и друга сува тревна одпадна вегетација на земјоделски површини, соопштија од МЗШВ.

Државниот инспекторат за земјоделство апелира земјоделците и сите лица да ги почитуваат одредбите од Законот за земјоделско земјиште, дека корисниците на земјоделско земјиште се должни да спроведуваат мерки за заштита од пожари согласно прописите за заштита од пожари, а доколку се констатираат правни или физички лица да постапуваат спротивно на законот веднаш да се превземаат мерки поради сторен прекршок.

– Државниот инспекторат за шумарство и ловство и даде наредби на сите шумарски и ловни инспектори за вонредни инспекциски надзори на субјектите кои стопанисуваат со шумите во делот на спроведување на годишните оперативни планови, и исто така ги задолжи концесионерите на ловиштата да вршат опсервирање за заштита на ловиштата од пожари и за нивно диретно вклучување за заштита на ловиштата од пожари преку своето членство, наведоа од МЗШВ.

Посочија дека временските услови кои се значително погодни за појава на пожари на отворен простор, на земјоделски површини и во шумските предели, покрај огромната штетата кај земјоделските култури и добитокот претставуваат и сериозна опасност по човечкиот живот.

– Само во тековниов месец ЈП Национални шуми евидентира околу 70 пожари со опожарена површина од околу 1,600 хектари. Ваквата појава пред се, се должи на палење стрништа и земјоделски површини, што поради временски услови кои се погодни за пожари истите брзо ги зафаќаат и шумските површини, соопштија од Министерството.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Депонијата „Дрисла“ гори, од пожарот се испушта поголема количина густ чад кој се чувствува и во пошироката околина

ЦУК: Активни се четири пожари, два се под контрола, а изгаснати се 23 пожари

Активни се четири пожари на три локации во земјава

Томевски: Десет противпожарни возила го гасат пожарот во депонијата „Дрисла“ кој избувна попладнево

Ангелов: Постојат сомненија дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Голем пожар на скопската депонија „Дрисла“

Горан Наумовски