Донирана заштитна опрема за комуналните служби на Карпош

Од:

Заштитни маски за повеќекратна употреба, заштитни наочари, ракавици и средства за дезинфекција денеска и беа донирани на Општина Карпош од компанијата „Санмарти“ ДОО

Оваа опрема, како што најавуваат од локалната самоуправа, ќе ја користат комуналните служби на Општина Карпош, кои секојдневно дезинфицираат згради, улици, јавни површини и урбана опрема.

Општината тековно доделува опрема на сите вработени, но секоја поддршка е значајна и добредојдена. Локалната самоуправа ја истакнува својата благодарност до оваа општествено одговорна компанија која во ваков значаен период ја поддржа работата на Карпош за намалување на последиците од коронавирусот, стои во соопштението на Општина Карпош.

Од Општината ги повикуваат сите граѓани да носат заштитни маски и да се придржуваат до препораките од надлежните институции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи