СДСМ: Заштитен е Уставот, интересите на граѓаните и европската перспектива на државата

Од:

СДСМ ја поздравува одлуката на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија за разрешување на сега веќе поранешната техничка министерка за труд и социјална политика од ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

„Со ова зашитетен е Уставот, европската перспектива на државата, интересите на граѓаните, правата на стечајците и другите ранливи групи. Одговорност мора да понесат сите што го кршат Уставот“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Членството во НАТО и ЕУ, иднината на земјата, не смее да биде заложник на извршители кои сакаат да го спречат напредокот и да ја загрозат сигурноста, односите со соседите, членството во НАТО и ЕУ.

Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата.

Техничката Влада има мандат да обезбеди фер и демократски избори и фокусот на сите треба да биде во оваа насока“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците