Засадени 20 садници во „Паркот на планетата Земја“ во Прилеп

Од:

Дваесет млади садници денеска во чест на „Часот на планетата Земја“ се засадени во „Паркот на планетата Земја“ на патот кон манастирот „Трескавец“ во месноста „Песјобрдце“ кај Прилеп.

Градоначалникот Илија Јованоски, пратениците во Собранието на РМ Кети Смилеска и Хари Локвенец, претседателот на Совет на Општина Прилеп Миле Талевски, директорите на јавните комунални претпријатија Емил Јанески, Кристијан Илиески, Ѕвонко Јованоски и Славе Петрески, советници, претставници на општинската администрација и претставници од општинската организација на Црвен крст денеска го засадија паркот како нова зелена површина која во иднина плански ќе се проширува.

– Денеска по деветти пат го одбележуваме „Часот на планетата Земја“ што се одбележува во повеќе од 170 земји во светот. Затоа засадивме нови 20 садници на местото, што во иднина ќе претставува „Парк на планетата Земја“. Оттука сакам да упатам и еден апел до сите граѓани, екологијата да е што позастапена во нашиот град, а општина Прилеп заедно со комуналните претпријатија ќе се труди градот да биде што почист и да има чиста вода за пиење, рече прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Сите активности по повод „Часот на планетата Земја“ општина Прилеп ги организира во соработка со општинската организација на Црвениот крст.

Активностите продолжуваат вечерва во 19:30 со старт на ноќната трка во центарот на Приеп. Околу 20:30 часот се очекува учесниците во оваа петкилометарска трка да пристигнат до целта. Потоа градоначалникот Јованоски ќе им ги врачи дипломите и наградите на првите тројца најдобри учесници во трката во женска и во машка категорија.

Во 20:30 часот на Паркот на револуцијата ќе бидат исклучени светилките, со што симболично и општина Прилеп се вклучува во екоакцијата за заштеда на ресурсите. Младите од о.о. на Црвен крст во истиот момент ќе запалат свеќи во форма „60+“ означувајќи ги заштедите со исклучување на електричната енергија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски