Заре Милошевски најсериозен кандидат за нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Од:

Началникот по екстремизам во Агенцијата за национална безбедност, Заре Милошевски е нејсериозен кандидат за нов директор на АНБ, дознава „А1он“.

Милошевски е фаворит да го наследи се уште актуелниот директор Виктор Димовски кој веќе ги помина сите дипломатски процедури и чека потпис од претседателот Стево Пендаровски за да ја преземе функцијата амбасадор на Македонија во Франција.

По неговото заминување, на предлог на премиерот Димитар Ковачевски Владата треба да избере нов директор на Агенцијата за национална безбедност, а неговиот предлог најверојатно ќе биде Заре Милошевски.

Заре Милошевски, според информации од МВР, има поголемо искуство во полициските и безбедносните структури. Работи во АНБ, поранешна УБК во последните 25 години.

Во истата безбедносна институција, односно во тогашна ДБК работел долги години и неговиот татко.

Претходното спомнување на името на Заре Милошевски предизвика превирања во одредени кругови, но и во некои медиуми каде се насетуваа аспирации за примамливата функција и од други кандидати.

Додека се чека изборот за нов директор на АНБ на последната седница на Комисијата за надзор на службите во Собранието на која се уште актуелниот директор Виктор Димовски достави предлог за началник на внатрешна контрола во АНБ.

Пратениците на СДСМ и на ДУИ не присуствуваа на седницата иако го имаат мнозинството во Комисијата и иако предлогот за началник на внатрешна контрола на АНБ дојде од нивниот кадар Виктор Димовски.

Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во 2019 година се трансформираше во Агенција за национална безбедност, а Собранието ја формираше Оперативно-техничката агенција која оперира со системите за прислушкување.

Би можело да ве интересира

Обвинителството почна постапка против Бојан Христовски по анонимна кривична пријава

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира

Влада ќе ја чека одлуката на Антикорупциска за случајот со Бојан Христовски

Катерина Ѓуровски

Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски, зошто МВР нема поднесено пријава реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Удбашко шпионските структури во СДС се плашат и фабрикуваат случаи, тие ја партизираа АНБ

Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски