Заразени со коронавирус излегле на гласање во Штип

Од:

Две лица на возраст од 72 и 67 години кои биле заразени со коронавирус излегле да гласаат во градинката „Вера Циривири Трена“ во Штип. Тие од вчера биле ставени на списокот за изолирани лица кои требало да бидат контролирани од МВР, потврдува портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова. За случајот е запознаен и јавен обвинител, а ќе бидат поднесени и соодветни пријави, најавуваат од МВР.

Случајот во полиција го пријавил член на Избирачкиот одбор, а направена била и дезинфекција од Центарот за јавно здравје. Прекини во гласањето за нов градоначалник во Штип, немало.

Последниот пресек за одзивот, покажува дека до 13 часот во Штип гласале 6 938 гласачи односно 16,61 проценти.

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он