Започнува упис на првачиња во основните училишта во Општина Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода известува дека од денеска, согласно член 45, 46 и член 50 од Законот за основно образование (Сл.весник на РМ бр. 67/2017 година ), ќе се врши запишување на децата во прво одделение во основните општински училишта кои гравитираат на територија на општината. Уписот на првачиња во прво одделение е за учебната 2018/2019 година, за деца родени во 2012 година.

Децата кои до 31.01.2019 година ќе наполнат 6 години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/ старателот и мислење од училишниот педагог.

Уписот трае од 02.05.2018 година до 31.05.2018 година. За целокупната потребна документација за упис на првачињата, потребно е родителите да се обратат во основните училишта, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on