Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

Од:

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Би можело да ве интересира

Палевски: Целиот процес е „конструиран политички прогон“, УБК ме местеше за наводен атентат врз Заев

Палевски: Една година лажете дека сум ја грабнал и убил Вања, во тоа време бев во банка

Адвокатот на Палевски тврди: Мое лично мислење е дека пресудата е однапред донесена

Палевски: Доказите против мене се фалсификувани, нецелосни и манипулативни

Манев: Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција

Горан Наумовски

Се разболе адвокатот на Палевски, одложено е денешното рочиште