Започнува акцијата „Цел Центар на точак”

Од:

Општина Центар Скопје од денеска започнува со спроведување на акцијата „Цел Центар на точак”. Со ова ја покажуваме грижата за поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж.

Општината ќе субвенционира 30% од цената на купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед започнувајки од втори мај, потребно е да ги достави следниве документи:
– Копија од лична карта
– Копија од трансакциска сметка
– Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар-Скопје, барака број 6, почнувајќи од втори мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

Акцијата ќе трае се до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Општина Центар-Скопје.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот, Емил Николовски, соопштуваат од Општина Центар.

Телефони за контакт: 3203-631 и 076-353-620

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски