А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинителството проверува дали полицајците издале строго доверливи материјали од ПИ-мерки

by А1он07/02/2020 - 11:1407/02/2020 - 11:37408
Share0

Јавното обвинителство денеска соопшти дека е почната предистражна постапка во врска со сознанијата на Министерството за внатрешни работи за протекнување на материјали од посебни истражни мерки.

Следете a1on на Instagram Instagram

– По известување од страна на Министерството за внатрешни работи за сознанија во врска со протекување на материјал од посебни истражни мерки, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија во предистражна постапка за откривање сторители и обезбедување докази, се наведува во соопштението.

Од Обвинителството информираат дека во текот на вчерашниот ден биле повикани четири лица, вработени во Министерството за внатрешни работи, во својство на сведоци кои дале искази пред јавен обвинител од Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Во текот на јануари годинава во одредени медиуми беше објавена снимка која е материјален доказ прибавен со посебни истражни мерки. Од страна на МВР, како што се наведува во соопштението, би анализиран објавениот материјал и било известено обвинителството за понатамошно постапување. Биле повикани лицата кои во времето на спроведување на мерката во 2014 година биле одговорни за неа и им биле одземени четирите мобилни телефони за кои е донесена наредба за вештачење.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во наредниот период ќе бидат повикани и други лица со цел да се расветли како е дојдено снимката да биде објавена во медиумите.

Посебните истражни мерки спаѓаа во класифицирани информации со законски одреден степен на класификација „Строго доверливо“ и секое нивно објавување претставува кривично дело „Оддавање на службена тајна“ предвидено и казниво по член 360 од Кривичниот законик.

mvr

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он28/10/2026 - 17:3828/10/2026 - 17:52

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он28/10/2026 - 15:37

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 13:46

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео