Започна уписот на првоодделенци во основните училишта во Куманово

Од:

Во 16 основни училишта во Куманово  во тек е уписот на првоодделенци. Годинава, информираат од секторот за образование од општина Куманово, во прво одделение во наредната учебна година 2014/2015, ќе се запишат 1.446 правчиња.

Најголем дел од децата кои ќе се запишат во прво одделение, се од урбана средина, додека од руралното подрачје има 376 деца.

– Овие деца родени од први јануари до 31 декември, 2008 година,задолжително мора да се запишат во прво одделение. Сто и дваесет деца родени во текот на јануари 2009 година се запишуваат на барање на родителот и со мислење на педагошко-психолошката служба на училиштето, вели раководителот на секторот за образование, Миле Стојменовиќ.

Од секторот за образование апелираат до родителите и старателите да го почитуваат законскиот рок за упис на децата во првоо одделение. Надлежните објаснуваат дека почитувањето на рокот овозможува непречено формирање на паралелеките, со што пак се придонесува за квалитетно одвивање на наставата.

– Најголем дел од родителите го почитуваат законскиот рок за упис на децата до 31 мај. Но, праксата покажува дека ниту едно училиште нема да врати ученик доколку се запише и во наредните три месеци односно до први септември, посочи Стојменовиќ.

Училиштата имаат обврска да го информираат државниот просветен инспекторат за бројката не незапишаните ученици кои влегуваат во нивниот реон, за да, како што објаснуваат надлежните оваа институција преземе соодветни законски мерки.

Во општина Куманово се почитува и реонизацијата при уписот на децата во деветолетката. Сепак, законски дозволено е родителот да го запише ученикот и во училиште кое самиот го одбрал, но само во случај, ако истото училиште има слободни капацитети за прием на ученици.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски