Започна спортското натпреварување на основците во Карпош

Од:

Во преполниот спортски центар „Форца“, официјално стартуваа Спортските училишни лиги во општина Карпош. На денешното свечено отворање присуствуваа учениците-учесници од 10-те основни училишта на територија на Општината кои ќе си ги одмерат силите во фудбал, кошарка, одбојка за девојчиња, шах, ракомет и пинг понг. Спортската манифестација, која се одржува по шестти пат, е поттик за секое дете да инвестира во својата иднина и во здравиот живот.

Претседателот на Комисијата за спорт при Советот на општина Карпош, Давор Грче со поздравен говор ги прогласи спортските училишни лиги за отворени.

-Од името на општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски, ви посакувам пред се спортски однос, голем успех и фер борба на предстојните спортски натпреварувања. – истакна Грче. Во организација на одделението за култура и спорт, раководителот Патрик Поповски ги поздрави присутните и им посака успешен почеток на спортските училишни лиги.

-Општина Карпош како голем промотор и поддржувач на спортот, традиционално во овој период од годината, ги организира училишните спортски лиги. Ова е шестта година како успешно се одржуваат спортските игри, а за најдобрите се обезбедени спортски стипендии и спортски екскурзии. – заврши Поповски.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски