Започна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Започна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу првите кои пристигнаа беа пратеничките Ане Лашкоска, Благица Ластовска и Лилјана Затуроска, членовите на извршниот комитет на партијата, Трајко Славевски и Тони Михајлосвки, екс-градоначалникот Коце Трајановски, како и поранешниот министер за правда, Михајло Маневски.

Пред почетокот на состанокот тие одбија да дадат коментар во врска со актуелните несогласувања во партијата, кои станаа се поизразени по гласањето на уставните измени. Затуроска само кусо порача дека нема поделби во партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тема на вечерашниот Централен комитет се актуелните политички случувања, а неофицијално во јавноста веќе кружат две сценарија. Според првото, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, за кој се шпекулира дека влијаел врз седумтемина пратеници од партијата да гласаат „за“ уставните измени со цел да издејствува амнестија за себе. Второто сценарио, за кое се зборува, е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ