Започна симболичното украсување на Карпош

Од:

Од плоштадот „Делфина“ во Влае 2 започна новогодишното украсување на Општина Карпош. По украсувањето на овој јавен простор службите ќе се упатат кон украсување и на кружниот тек на улицата „Париска“, платото на „Млечен“, како и дел од паркот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, информираат од Општина Карпош.

– Оваа година, локалната самоуправа предвиде симболично украсување на општината, имајќи ја предвид ситуацијата со коронавирусот и тешката финансиска состојба. Иако беа планирани 2 милиони денари, сепак за украсување се одвоија 600.000 денари, а преостанатите средства од 1.400.000 денари се наменети за дополнително опремување на градинките и училиштата со прочистувачи за воздух, велат од Општината.

– Симболичното украсување на Карпош придонесува за посреќни моменти на најмладите, но и на повозрасните жители, кои сакаат да ја почувствуваат новогодишната атмосфера. Локалната самоуправа продолжува со рационализација на буџетските средства и нивно насочување кон реалните потреби на граѓаните, се додава во соопштението на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје