Започна реконструкцијата на ул. „Ѓорѓи Скрижевски“

Од:

„Општина Центар започна со целосна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Скрижевски“, во должина од 391 метар.

Широчината на улицата на почетокот е 4 метри, а кон крајот се зголемува и до 7 метри.

По стругањето и отстранувањето на постоечкиот, ќе се поставува целосно нов квалитетен асфалт.

ul. Gorgi Skrizhevski (1)

Ќе се менуваат шахтите, а ќе се изврши и инивелирање на сливниците.

Оваа улица беше оштетена со ударни дупки, за што реагираа голем број на граѓани. Во договор на  жителите  со градоначалникот Андреј Жерновски, отпочна процедурата за обнова на улицата.

ul. Gorgi Skrizhevski (2)

„Ѓорѓи Скрижевски“ е прва од 10-те улици на Водно кои се опфатени во актуелната акција “Нова пролет, нова офанзива!” на општина Центар. Следни на ред се улиците “Христо Чернопеев” и “Партениј Зографски”, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски