А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Започна реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел

by А1он27/07/2017 - 12:09271
Share0

Градот Скопје денеска ги започна градежните работи од проектот за реконструкција на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ во Општина Бутел. На почетокот на градежните работи присуствуваа гардоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сообраќајница ќе се реконструира од крстосницата со улица „Бутелска“ до крстосницата која води кон влезот во гробиштата Бутел. Со овој градежен зафат, во должина од 808 метри и ширина од 6,5 метри ќе биде извадена старата и оштетена коцка и ќе биде нанесен нов асфалт. На овој потег на улицата од двете страни ќе бидат изградени нови тротоари со ширина од по 2 метри.

– Градот Скопје ги продолжува инвестициите во комуналната инфраструктура на територијата на општина Бутел. Изминатиов период активно се работи на реализацијата на првата фаза од капиталниот проект за изградба на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, минатата недела ја започнавме и реконструкцијата на улицата „Втора македонска бригада“, а денеска сме тука за да ја започнеме реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“, рече Трајановски.

Градоначaлникот Латиновски искажа благодарност за реализацијата на овој проект, бидејќи со него ќе се подобри сообраќајот на оваа улица која е во многу лоша состојба, а со изградбата на тротоарите ќе се подобри безбедноста на пешаците.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во текот на градежните работи на оваа делница, во должина од околу 300 метри ќе биде поставена нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа, а ќе бидат поставени нови сливници и шахти.

По должината на улицата ќе биде обновено и осветлувањето и ќе бидат поставени 27 столбови за осветлување.

На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, а за овој градежен зафат, Градот Скопје ќе издвои околу 18,5 милиони денари.

butelskopje

Би можело да ве интересира

Син уби татко во Скопје

А1он13/07/2026 - 10:5813/07/2026 - 10:47

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски05/07/2026 - 18:2505/07/2026 - 19:13

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски05/07/2026 - 17:0505/07/2026 - 18:25

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 21:19

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 18:5101/07/2026 - 18:54

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

Горан Наумовски16/06/2026 - 08:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео