Започна проектот за регулација на Виничка Река

Од:

На пригодна свеченост денеска во Виница беше означен почетокот на работите за регулација на коритото на Виничка Река, проект кој општина Виница го доби со посредство на Источниот плански регион.

– Се работи за проект вреден 4.657.986 денари од кои 3.626.441 денари се средства од Министерството за локална самоуправа обезбедени преку Бирото за регионален рамномерен развој. Општина Виница во реализацијата на овој капитален проект учествува со средства во износ од 1.011.544 денари. Регулацијата на Виничка Река ќе приодонесе за уредување на речното корито и намалување на излевањата од надојдените води кои во горниот дел на градот создаваа проблеми за жителите и нивните домови, истакна Емил Дончев, градоначалник на Виница.

Изведувач на работите е компанијата „Коп инженеринг“ од Скопје.

Должината на коритото кое ќе биде регулирано изнесува 420 метри, а е на потегот од мостот во центарот на градот па кон север до излезот на градот. Според планот, проектот целосно се очекува да биде завршен за четири месеци.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени