Започна обновата на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

Од:

Со донации и со доброволна работа од месното население започнаа работите за обнова на црквата „Св. Спас“ во беровското село Владимирово, која во големиот пожар пред еден месец изгоре до темел.

Според пресметките на Одборот за обнова, градежните работи до покрив ќе чинат еден милион и 500 илјади денари, а до сега од донаторите се собрани една третина од потребните средства или околу 500 илјади денари.

– Деновиве привршуваат работите на првата (подната) плоча од обновата на храмот „Св.Спас“, кој бил изграден во далечната 1846 година и важеше за една од најстарите и најубавите цркви во Малешевијата, вели свештеникот Илија Бокушовски.

Тој информира дека е отворена донаторска книга во која се запишуваат сите донации од верниците. Овој документ ќе биде сведоштво за солидарноста, трудољубивоста и роднокрајната љубов на владимирци и нивните пријатели ширум Македонија и светот.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски