Започна Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“

Од:

Со дефиле на над осумстотини учесници од фолклорни групи и ансамбли низ улиците на село Истибање, Виничко и со фрлањето на цветниот венец во водите на река Брегалница, започна годинашниот 29-ти по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо 2014“.

– Годинава имаме рекорден број на учесници од повеке фолклорни ансамбли кои ни доаѓаат од Ерменија, Полска, Турција, Гвинеја, Киргистан, Индија, Романија, Хрватска, Белорусија, Египет, Алжир и Бугарија. Од Македонија на фестивалот во текот на петте фестивалски дена ќе настапат и фолклорни ансамбли од Виница, Македонска Каменица, Радовиш и Кичево, изјави Стојко Митковски, раководител на фестивалот во Истибања.

Во наредните денови во рамките на фестивалот ќе се одржат целовечерни концерти во Македонска Каменица, Облешево и Виница, ќе бидат посетени повеќе културно-историски споменици во Источна Македонија, а гостите од странство во понеделник ќе ги посетат знаментостите на Скопје.

Вечерва во село Истибање ќе настапи Ансамблот за народни песни и игри „Танец“.
Фестивалот финансиски го помогнаа Министерството за култура и општина Виница.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска