Започна изградбата на третата фаза од фекалниот колектор во Инџиково

Од:

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски го означија почетокот на изградбата на третата фаза од фекалниот колектор во населеното место Инџиково, општина Гази Баба.

Фекалниот колектор ќе се изведе од полиетиленски цевки со профил 800 мм, а во должина од 679 метри. Трасата на колекторот е покрај автопатот „Александар Македонски“, од стадионот „Борис Трајковски“ па се до фекалната препумпна станица „Маџари“.

– Со овој зафат практично ќе се реши проблемот на фекалната канализација на населеното место Тумба Маџари каде што досега воопшто немало канализација. Оваа населба не била досега во урбанистичките планови, но во соработка со Општината и ЈП „Водовод“ успеавме по толку години да им обезбедиме фекална канализација, истакна градоначалникот Трајановски.

Она што е значајно, потенцира градоначалникот, по завршување на фекалниот колектор нема да има потреба од пумпите кои се наоѓаат во пумпната станица на водовод во населбата Ченто.

– Досега сите фекални води доаѓаа до оваа препумпна станица и со неколку пумпи се препумпуваше во друг колектор којшто одеше преку населбата Маџари до Вардар, додаде Трајановски.

Инвеститор на овој проект е ЈП „Водовод и канализација“, а неговата инвестиција изнесува околу 12 милиони денари. Во зависност од временските услови градежните активности се планира да завршат за 20 до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје