Започна изградбата на десетина улици во Кочани

Од:

Во Кочани започнаа градежни активности за асфалтирање на десетина улици, што се дел од Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици за 2018 година. Во наредниот период целосно ќе се завршат улиците „Вера Которка“ – крак 2, 3 и 5, „Карпошово востание“, „АСНОМ“, „Скопска“, „Петар Синадинов“ и „555“ во населбата Прокарка.

Во моментот се реконструира водоводната мрежа на два крака од улицата „Стамен Манов“ во Ромското маало, по што ќе следи и асфалтирање.

Вкупната сума што ќе се потроши за изградба на сообраќајниците изнесува околу 30 милиони денари, а по завршувањето на тендерските постапки постигнати се пониски цени за околу 6 милиони денари.

Од Општина Кочани велат дека со заштедентие пари е овозможено да се асфалтираат и улиците „Кресненско востание“ во Усова Чешма и „Новопроектирана“ во Лесна индустрија, за што ќе бидат наменети 5 милиони денари. За проектирање на нови улици ќе се потрошат еден милион денари.

Во претстојниот период ќе се асфалтираат улици и во селата Горни Подлог, Долни Подлог, Прибачево, Грдовци, крак на улицата „Маршал Тито“ во селото Мојанци и во Тркање, а ќе се работи и на пробивање и тампонирање на други улици како подготовка за нивно асфалтирање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот