Започна иницијативата за формирање на Европскиот фронт, велат од СДСМ

Од:

СДСМ иницира формирање Европски фронт во којшто ги повикува да се приклучат сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, граѓани, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ. Заедно да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година, е наведено во партиското соопштение.

„Европски фронт за посилен економски напредок, поголеми плати и пензии, врвна демократија, социјална правда и европски животен стандард со европски вредности. Пред нашата држава и пред сите граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. СДСМ е подготвена во името на врвните државни и национални интереси и оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година. Заедно со Европскиот фронт да ја внесе земјата во ЕУ“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја