Започна градежната офанзива на градските сообраќајници вредна 760 милиони денари

Од:

Градот Скопје започна градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските сообраќајници во вредност од 760 милиони денари, во тековната и наредната година.

Минатите два дена започна изградбата на улица Есенинова која ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром и Центар и реконструкцијата на улица Востаничка во Кисела Вода, информира Град Скопје.

„Во претстојните месец дена предвидено е да започнат реконструкциите на три булевари и пет улици во неколку скопски општини. Булеварите чиишто реконструкции ќе започнат во следниве месец дена по потпишувањето на договорите со изведувачите се: Александар Македонски (Гази Баба), Видое Смилевски Бато (Аеродром) и 8 септември (Карпош). Во истиот период предвидено е да започнат реконструкциите на улиците: Никола Карев (Центар), Џон Кенеди (Чаир), Никола Парапунов (Карпош), Боца Иванова (Бутел) и Лазар Личеноски (Центар и Чаир)“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Од Град Скопје велат дека до крајот на годината предвидено е да завршат постапките за јавни набавки и да започнат изградбите и реконструкциите на следните сообраќајници: бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бул. Никола Карев (Пластичарска), бул. Киро Глигоров, бул. 11 октомври, ул. Македонско-косовска бригада, ул. Васил Ѓоргов, ул. Благоја Стефковски, ул. Лазар Трповски, ул. Љубљанска (со мост преку Вардар до ул. Скупи, а подоцна до бул. Словенија) и други.

„Интензивно се работи на втората фаза од изградбата на бул. АСНОМ (мостот преку Вардар), втората фаза од изградбата на булевар Босна и Херцеговина, реконструкцијата на ул. Александар Урдаревски и на улицата Индира Ганди“, велат од Град Скопје.

Градот Скопје соопштува дека продолжува да гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови во сите 10 скопски општини.

Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки со цел обезбедување на одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај, велат оттаму.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ