Започна двојазичноста во автобусите на ЈСП

Од:

Раководството на ЈСП започна да ја спроведува одлуката на Советот на Скопје за воведување на двојазичност во автобусите, што беше усвоена пред две недели.

На македонски и албански се корегираат обичните табли на постојките од кои патниците добиваат информации и електронските дисплеи во автобусите.

Одлуката за воведување на двојазичност во автобусите е според Законот за употреба на јазиците, усвоен во 2008 година, како дел од Охридскиот рамковен договор.

Граѓанското здружение „Разбуди се“ пред усвојувањето најави тужба до ЈСП, барајќи санкции поради кршење на одредбите.

Освен двата јазика, на надворешните табли на постојките ќе биде застапен и англискиот јазик. Но, не и на електронските дисплеи внатре во автобусите, бидејќи немало простор.

„Спроведувањето на двојазичноста во ЈСП нема да чини повеќе од 2.000 евра. Нема потреба од вработување работник за таа цел, бидејќи лицето што ги спроведува одлуките и организира состаноци на Управниот одбор ќе ја врши и работата на преведувач“, изјави директорот на ЈСП, Мишо Николов.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка