Започна доградбата на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Центар

Од:

Општина Центар ја почна доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“ на површина од 532 м2.

Учениците ќе добијат шест нови училници, три помошни простории, а дел од зафатот и поставување на лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот. Со реконструкцијата, училиштето ќе има сутерен, приземје и два спрата и многу подобри услови за образование.

Директорката на училиштетот, Наде Молеровиќ, се заблагодари за поддршката од општина Центар и рече дека ова училиште ќе биде центар на радоста, животот и образованието.

„Училиштето „Гоце Делчев“ ќе биде современо и училиште по највисоките европски стандарди. Не само ова, туку и сите центарски училишта и градинки ќе добијат најдобри услови за воспитување, престој, забава и образование на младите“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар