Започна чистењето на каналите во општина Чешиново Облешево

Од:

Водостопанство на Македонија „Подружница „Брегалница“ од Кочани паралелно со чистењето на каналската мрежа во атарот на општина Кочани, од денеска со механизација започна и со чистењето на каналската мрежа во општината Чешиново Облешево.

– Со цел навремено започнување на наводнителаната сезона која се планира да започне на 15 април, општина Чешиново Облешево во соработка со Водостопанство „Брегалница“ од Кочани ги започна активностите за чистење на каналската мрежа во повеке атари на општината. Во координација со земјоделците од општината кои предходните години често реагираа на неисчистените канали и загубата на вода за наводнување на полињата, годинава каналите ке бидат исчистени навреме, односно два месеци пред почетокот на наводнителната сезона, изјави Катерина Постолова од општина Чешиново Облешево.

Од денеска механизацијата Водостопанство од Кочани работи во атарот на село Уларци, по што етапно ќе се чистат каналите во останатите населени места во општината.

Според планот во општина Чешиново ОБлешево ке бидат исчистени 60 километри вади и канали за наводнување на обработливи земјоделски површини, како и 17 километри одводни канали во атарот на Чешиново и Облешево.

Би можело да ве интересира

Земјоделци од Чешиново-Облешево ја блокираа изградбата на експресниот пат Штип – Кочани

Ана Ололовска

Протест на жителите на Чифлик: Бараат чиста вода за пиење и канализација

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на Ковид-19, од утре почнува со работа

А1он

Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

А1он

Македонска Каменица и Чешиново Облешево се првите општини што ќе го имплементираат Договорите за заштеда на енергија

А1он

Општина Чешиново-Облешево инвестира во изградба на улици во три населени места

Ана Ололовска