Започна целосната реконструкција на најфреквентната крстосница во Гостивар

Од:

Како што беше најавено вчера, денес започна целосната реконструкција на најфреквентната крстосница во Гостивар.

„Станува збор за целосна реконструкција на многу важна крстосница во градското јадро на Гостивар, со површина од околу 400 м2. Ќе се работи интензивно за да работите завршат колку што е можно побрзо, за да не се преоптовари сообраќајот во градот. Се надеваме дека до сабота ќе заврши“, изјави за медиумите градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој најави и многу други капитални проекти што ќе се реализираат во текот на оваа календарска година во износ од околу 1 милион евра буџетски средства на Општина Гостивар.

„Секој ден ќе имаме асфалтирање и други градежни работи, кои ќе ги следиме заедно со медиумите и граѓаните. Се околу 15 улици и локални патишта на подрачјето на Општина Гостивар кои што ги назначивме како приоритетни за оваа календарска година. Една улица во Дебреше, една улица во Форино, Лакавица, патот за Трново, патот за Падлиште, исто така ќе се реасфалтира и патот Лакавица-Србиново. Вреди да се спомене и изградбата на канализација во селата Чајле, Чегране и Горна Бањица, како и многу други проекти”, истакна Таравари.

Тој објасни дека годинава ќе има промени за кои тој смета дека тешко можат да се реализираат дури и за цел четиригодишен мандат.

Градежните работи за целосна реконструкција на крстосницата „Гоце Делчев” – „Борис Кидрич”, ќе опфатат ќе опфатат отстранување на стариот асфалтен слој, планирање, израмнување и тампонирање на постелицата, нивелирање на шахтите и сливниците и асфалтирање на крстосницата во површина од 400 квадратни метри.

Додека ќе траат градежните работи , сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови и за тој период се молат граѓаните да го избегнуваат користењето на оваа раскрсница за движење на возилата.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија