Запленети речиси 2000 брендирани парчиња со потписот на Луи Витон, Диор и Мајкл Корс

Од:

Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. Пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

Контролата е спроведена по преглед на документација и сомнение во изјавата на возачот, при што во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови.

Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети.

Царинската управа има значајна улога во заштита на правото од интелектуална сопственост и спречување нелегална трговија со фалсификувани производи и оттаму во континуитет презема мерки за спречување на ваквите криминални појави.

Би можело да ве интересира

Возат Тесла и БМВ со странски таблици без да ги царинат: Запленети 22 луксузни автомобили

Катерина Ѓуровски

Обид за шверц на апарати за коцкање преку царинската испостава Гевгелија

Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и зачини

А1он

Србин уапсен на Табановце, шверцувал папагали

Женски чанти и куфери запленети на Меџитлија

Катерина Ѓуровски

Запленети 18 илјади, патници се обиделе нелегално да ги пренесат преку граница