Запленети околу 1700 парчиња пиротехнички средства, двајца приведени

Од:

Прилепчанец и битолчанец се уапсени вчера откако биле фатени со пиротехнички средства соопшти МВР.

-На 14.12.2023 во 18.50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, на ул.„Ѓорѓи Абаџиев” во Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лишен од слобода е С.Б.(51) од Прилеп. При преглед кај него, пронајдени и одземени биле 1620 парчиња пиротехнички средства. По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.

Приведен е и 25-годишен битолчанец.

На 14.12.2023 од страна на полициски службеници од СВР Битола на патот А-3 Битола -Прилеп во близина на бензинска пумпа, при преглед на Д.Т.(25) од Битола, пронајдени се пиротехнички средства. По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега